10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се задржаа под нивото од 56 долари

Цените на нафтата се задржаа под нивото од 56 долари

nafta 3439940

Цените на нафтата се задржаа во понеделник на меѓународните пазари под нивото од 56 американски долари(УСД), балансирајќи меѓу намалената проектирана стапка на економски раст во Кина која ја зголемува загриженоста за побарувачката за нафта и нападите врз нафтените пристаништа во Либија.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 55,8 УСД за барел.

Поголеми промени во цената немаше ниту на американскиот пазар каде што барелот се тргуваше по цена од 53,13 УСД.

Кина ја намали проектираната стапка на економски раст оваа година од 6,5 до седум отсто на 6,5 отсто и ја заостри регулаторната контрола за да го намали загадувањето на околината.

Инвеститорите ги следат потезите на кинеските власти во потрага по евентуални знаци на намалена побарувачка на нафта.

Веста од Кина ги поништи на нафтените пазари ефектите кои кон крајот на минатата недела ги предизвикаа оружените напади врз нафтените пристаништа во Либија.

Заради судирите, производството на нафта е намалено на 35.000 барели дневно.

Во меѓувреме, податоците од руското Министерство за енергетика објавени минатата недела покажуваат дека производството на сурова нафта во оваа земја останала непроменета во однос на јануари, на 11,11 милиони барели дневно.

Тоа ги зголемува сомнежите во потезите на Моска во врска со смаленото производство, во согласност со договорените кастрења на производителите од минатата година.

Од своја страна, Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) објави дека цената на барелот на референтната кошничка на нејзината нафта во петок изнесувала 52,97 УСД, што значи дека паднала 72 центи во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП