23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската влада ќе издвои 60 милијарди фунти за Brexit

Британската влада ќе издвои 60 милијарди фунти за Brexit

hammond333

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд ќе го искористи претставувањето на буџетот, за да објави дека повисоките даночни приходи како резултат на подобрата од очекувањата економија ќе бидат искористени за акумулација на резерви од 60 милијарди фунти. Тие ќе се користат за да се надмине несигурноста околу „Brexit“, наместо за зголемување на трошоците за националното здравство, објави „Independent3.

Хамонд ќе објави дополнителни 1,3 милијарди фунти за социјални грижи, но министерот за финансии во сенка Џон МекДонал предупреди дека 12 милијарди фунти треба веднаш да бидат пренасочени кон здравството, бидејќи таму „во моментов има криза“.

Во пренос на „ВВС“ во неделата Хамонд, предупреди дека Велика Британија ќе биде подготвена „да го возврати ударот“, а не „да се скрие во аголот“, ако не се постигне бизнис трансакција со ЕУ. Покрај тоа, мора да се „потрудиме“ да закрепне британската економија.

Хамонд изјави: „Ако има некој во Европската унија, кој смета дека ако не постигнеме договор со Европската унија, ако не продолжиме да работиме во тесна соработка, Велика Британија само ќе се скрие како рането животно, тоа нема да се случи“.

Според него британскиот народ има „борбен дух и ќе го возврати ударот“.

Хамонд, сепак, предупреди дека иако економијата се претставува подобро од очекувањата, се уште продолжува да има дефицит. „Ако вашата банка го зголеми лимитот на пречекорувањето, нема да сакате да го потрошите секое едно пени од него“, рече тој. „Имаме доволно бензин во резервоарот за да продолжиме да патувањето што изгледа како разумен пристап“.

Хамонд, предупреди дека проблемите во јавните услуги, кои се наоѓаат „под притисок“, не се поврзани само со пари и дека проблемите се резултат на постарото население што треба повеќе комплексни решенија.

„Постојат аргументи за позајмувањето на долгорочната позиција за финансирање на услугите поврзани со стареењето на населението“, рече тој.

Во статија за „The Sunday Times“, Хамонд пишува: „Со почетокот на преговорите со Европската унија ние отвораме ново поглавје во нашата историја. Треба да продолжиме со ангажиманот кон фискалната дисциплина и да ја зајакнеме својата позиција, додека ја градиме визијата за иднината на Велика Британија во светот “.

Во меѓувреме, министерот за финансии во сенка Џон МекДонал рече за „ВВС“: „Независното оценување во моментов (за тоа колку е потребно) за здравство и социјална грижа е меѓу 8 и 12 милијарди фунти. Веруваме дека владата сега во случај на „Brexit“ ќе одвои 60 милијарди фунти, така што повисоките приходи исто така придонеле за тоа“.

Според него „кризата е во моментов. Треба да се подготвиме за „Brexit“, но одреден дел од овие пари треба да одат за надминување на кризата во здравство и социјална грижа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП