4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот нафтен сектор ги надмина санкциите

Рускиот нафтен сектор ги надмина санкциите

nafta

Рускиот нафтен сектор ги надмина санкциите на САД и во последните две години го зголеми производството на нафта за 400.000 барели, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

„И покрај санкциите на кои бевме изложени, нашиот нафтен сектор не само што закрепна туку покажува и позитивна динамика, бидејќи во последните две години производството на нафта во Русија е зголемено за 400.000 барели“, изјави Новак.

Рускиот министер изјави дека финансискиот статус на локалните компании е далеку подобар од странските, пренесува Тасс.

Новак додаде дека постои голем интерес кај американските компании да инвестираат во Русија и дека веќе постојат контакти со многу бизнисмени кои покажуваат интерес за Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП