18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците доживеаа нов шок - Лоша вест во лош момент

Грците доживеаа нов шок – Лоша вест во лош момент

7871569258bd661de72cb113358600_w640

Падот на грчката економија во последниот квартал од 2016 година е поголем отколку што се очекуваше, а разговорите на официјалните претставници со меѓународните кредитори влегуваат во втората недела.

Индустриското производство во периодот од октомври до декември беше помало за 1,2 проценти отколку во претходниот квартал, додека според претходните проценки се очекуваше пад од 0,4 проценти, соопшти Грчкиот завод за статистика.

Грчкиот завод за статистика наведе дека до ревизија дошло поради новите податоци кои не биле достапни за претходната проценка.

Како што е наведено, остриот пад во последниот квартал од минатата година следел по умерениот раст од 0,3 и 0,6 проценти во вториот и третиот квартал.

Грција од 2010 година проминува низ неколку програми за помош на ММФ и други земји од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП