18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот банкарски систем веќе е најголемиот во светот

Кинескиот банкарски систем веќе е најголемиот во светот

kina sistem

Кинескиот банкарски систем го претекна оној на еврозоната по обем на средствата на крајот на 2016-та година и веќе е најголемиот во светот. Тоа е знак како за зголеменото влијание на земјата во светските финансии, така и за неговата зависност од должничкото финансирање за обезбедување на раст.

Кина ја надмина еврозоната по големина на бруто домашниот производ уште во 2011-та година.

„Огромната големина на кинескиот банкарски систем е помалку причина за славење и повеќе знак за зависност на економијата од банкарското финансирање и води до огромни кредитни ризици“, коментира Есуар Прасад, економист во „Cornell University“ и поранешен шеф на Меѓународниот монетарен фонд за Кина.

Анализата на „Financial Times“ покажува дека кинеските банкарски средства достигна 33 илјади милијарди долари на крајот на минатата година во споредба со 31 илјади милијарди долари за еврозоната, 16 илјади милијарди долари за САД и 7 илјади милијарди долари за Јапонија.

Вредноста на кинескиот банкарски систем е повеќе од 3,1 пати поголема од годишниот бруто домашниот производ на земјата. За споредба, во еврозоната овој сооднос е 2,8 пати.

kina sistem1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП