1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Комерцијална банка на врвот според прометот

Акцијата на Комерцијална банка на врвот според прометот

македонска-берза

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје и во понеделникот се најде на врвот со остварени 1.6 милиони денари или учество од над 37 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 4,4 милиони денари.

Според остварениот промет, втора беше акцијата на Гранит каде преку 13 трансакции се истргуваа 2.173 лотови по просечна цена од 689,36 денари.

Најголем раст на вредноста од 10 отсто со истргувани 175 акција по просечна цена од 1.056 денари забележа акцијата на Тетекс АД Тетово, а по неа се рангираше акцијата на Окта АД Скопје со раст од 8,67 отсто, и просечна цена од 2.716,67 денари.

Наспроти нив, на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од 2,94 прцоенти акција на Усје АД Скопје, а по неа следеа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со пад од 1,04 отсто) и на Македонски Телеком АД Скопје со пад од 0,83 отсто.

Индексот МБИ10 денот го заврши со пад од 0,32 отсто и изнесуваше 2.304,62 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците повторно остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП