2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на наталитетот во Италија на историски ниско ниво

Стапката на наталитетот во Италија на историски ниско ниво

shutterstock_101350027_810_500_55_s_c1

Во Италија се раѓаат сé помалку деца, а стапката на наталитетот во минатата 2016 година го достигнала историски ниското ниво во земјата чиешто население од година в година старее, соопшти во понеделникот Државното статистичко биро (ISTAT).

Во 2016 година во Италија се родиле 474.000 деца, или речиси 12.000 помалку отколку една година претходно, односно за 2,4 отсто помалку. Стапката на плодноста е во пад за 1,34 шеста година по ред.

Италијанското населени константно старее, имајќи го предвид бројот на родените деца. Речиси секој четврти Италијанец, или 22,3 отсто, е повозрасен од 65 години, се наведува натаму во извештајот на ISTAT. Просечната животна возраст во Италија изнесува 44,9 години, или два месеца повеќе отколку во претходната 2015 година.

Овој нов пад на наталитетот е последица на „економските тешкотии и несигурноста во којашто се најдоа италијанските семејства“, коментираа од Codacons, главното здружение на потрошувачите во Италија.

Во такви услови „на семејствата им е сé потешко да образуваат дете“, изјави претседателот на Codacons, Карло Риенци, кој проценува дека за потребите на дете во раната возраст родителите ќе мора да издвојат околу 10.000 евра. Поради порастот на трошоците, куповната моќ на семејствата е во опаѓање, што „за голем дел од населението ги прави невозможни трошоците поврзани со раѓањето на детето“, оценува Риенци.

Италија, покрај Шпанија и Германија, е една од европските земји со најнизок наталитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП