8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел, Оланд, Џентилони и Рахој за ЕУ во повеќе брзини

Меркел, Оланд, Џентилони и Рахој за ЕУ во повеќе брзини

enrqiue

Челниците на Франција, Германија, Шпанија и Италија се заземаа за ткн „Европа во повеќе брзини“, што на некои членки на Европската унија би им овозможило да напредуваат побрзо од другите, на мини-самитот во понеделниот во близина на француската престолнина Париз.

„Единственоста не значи едноличност“, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд, домаќин на оваа средба во дворецот Версај на кој уште учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Шпанија и на Италија, Маријано Рахој односно Паоло Џентилони.

„Токму затоа се залагам за нови форми на соработка, за нови проекти, што се нарекува различна соработка“, рече Оланд во заедничката изјава пред почетокот на работната вечера.

„Така некои земји би можеле да одат побрзо и натаму во областите како што се одбраната и еврозоната, преку продлабочувањето на економската и монетарната унија, како што се фискалното и социјалното усогласување, како што се културата и грижата за младите“, додаде францускиот претседател.

„Тоа би значело дека некои земји одат побрзо и посилно, а дека другите притоа да не бидат исклучени и да не можат на тоа да се спротистават“, образложи Оланд.

Челниците на овие четири земји од ЕУ со најголем број жители, ќе се сретнат во четвртокот со европските колеги во Брисел, што е нова етапа пред самитот на којшто кој на 25-ти март во италијанската престолнина треба да се оживее европскиот проект по повод одбележувањето на 60-годишнината од Римските договори.

Меркел оцени дека Европејците мора да „соберат смелост и да прифатат дека некои земји напредуваат побрзо од другите“, и дека тоа „не им биде оневозможено на оние коишто заостануваат“. „Но мораме да можеме да одиме напред“, истакна германската канцеларка.

Италијанскиот премиер Џентилони, пак, се заложи за „поинтегрирана Европска унија“, но „со различни степени на интеграцијата“.

Премиерот Рахој само изјави дека неговата „Шпанија има намера да оди натаму во интеграциите со сите коишто сакаат да ја следат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП