3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCе воведуваат построги критериуми за еко дозволи во индустријата

Cе воведуваат построги критериуми за еко дозволи во индустријата

eko3033

Построги критериуми за добивање еко дозволи се предвидуваат со новиот закон за заштита од индустриски емисии подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во новиот закон за заштита од индустриски емисии целосно е инкорпорирана ЕУ директивата за индустриски емисии, а се воведуваат и построги критериуми за компаниите.

„Во некои индустриски сектори ќе има големи промени во однос на тоа колку строги ќе бидат максимално дозволените количини на емисии. На пример во енергетскиот сектор ќе имаме построги максимално дозволени количини на емисии“, рече советникот во министерството за животна средина Беса Татеши, во понеделник на прес­конференција во Стопанската комора.

Не се очекува трошоците за индустриските капацитети и за државата при имплементацијата на новиот закон да бидат големи бидејќи, затоа што, во постојниот закон веќе е транспонирана претходницата на оваа ЕУ директива.

„Ќе треба да се направат одредени инвестиции со цел да се почитуваат построгите правила коишто ги наложува оваа директива. Инвестициите ќе бидат за технички документи и за извештајот којшто мора да го прават индустриските капацитети, а од страна на администрацијата, трошоците ќе се сведат само на ажурирање на дозволите коишто треба да бидат во согласност со директивата“, појасни постојаниот твиниг советник при Австриската агенција за екологија Клеменс Конрад.

Нацрт­законот ќе биде презентиран на 14 март во Стопанската комора на Македонија каде сите заинтересирани страни ќе може да се информираат за новините што ги носи ова законско решение. Се очекува новиот закон да стапи во сила 2018 година.

Досега според постојниот закон се издадени вкупно 320 интегрирани еколошки дозволи од кои 120 се А дозволи за големите компании и 200 Б дозволи за помалите компании. Во процедура се уште 22 ­ 23 апликации.

А интегрираните дозволи ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање, а Б дозволите ги издаваат општините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП