26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСвечено отворање на Вечерите на женски права во МКЦ

Свечено отворање на Вечерите на женски права во МКЦ

zenski prava33

Вечерва, свечено ќе бидат отворени Вечерите на женски права, во 20 часот во Младински културен центар – кино „Фросина“.

Прв, од низата четири документарни филмови, ќе биде проектиран филмот под наслов „Сибирска љубов“ од Олга Делане, а по него ќе следи „Форум – театар“ со Владимир Караев. Настанот ќе заврши со коктел забава во МКЦ.

Документарниот филм „Сибирска љубов“ овозможува единствен поглед околу животот и љубовта во едно сибириско село и трага по вистината за универзалното вреднување на традиционалните врски. Имено, режисерката Олга Делан ни нуди „замрзната“ потрага по љубов во рурален Сибир. Имено, по 20 години живот во Берлин, Делан се враќа кон нејзините корени во едно мало сибирско село, каде што се соочува со традиционални погледи за врските, животот и љубота.

Во „Форум – Театар“ публиката ќе земе активна улога и учествуво за време на целата претстава. Нејзината вклученост се состои од споделување мислења и ставови, а во одредени делови, учесниците од публиката ќе може да заменат некој од актерите на сцена и да го покажат својот начин на делување во даден проблем или ситуација. На овој начин че се понуди избор од повеќе различни пристапи и решенија.

Настанот Вечери на женски права нуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8-ми март. Овогодинешното осмо издание се одржува од 3-ти до 9-ти март во Младинскиот Културен Центар – Скопје. Годинава, преку уметност, филм и музика ќе се поттикнат мажите и жените да размисуваат критички за родовата (не)еднаквст и да оддадат почит на досегашните достигнувања.

Настанот традиционално се организира од 2010 година. Успешната реализација на осумте изданија е резултат на соработка помеѓу Град Скопје, UN Women, Институт за родови студии при Филозофски факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Универзитет за аудио-визуелни уметности – ЕСРА, Скопје и организацијата „Една може!“.

Оваа година настанот е во организација на Центарот за истражување и креирање политки – Скопје, а под окровителство на Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП