26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција очекува повеќе од 30 милиони туристи во оваа година

Грција очекува повеќе од 30 милиони туристи во оваа година

grcija turizam335

Повеќе од 30 милиони туристи ќе ја посетат Грција, покажуваат прогнозите на Грчката национална туристичка организација (GNTO). Нашиот јужен сосед ќе се потпира не само на морскиот туризам, туку и на бродскиот, културниот и кулинарскиот туризам.

Според експертите во индустријата, туризмот може да се претвори во „Тројанскиот коњ на извозот“ на квалитативните грчки стоки.

Во голема мера очекуваниот раст во секторот се должи на нестабилноста на Турција. Пред неколку дена германските туроператори соопштија дека Грција се претвора во втората дестинација за германските туристи во ова лето, заради падот на побарувачката на турските летувалишта.

„GNTO“ е државна агенција кон грчкото Министерство за туризам, основана во 1927-ма година.

Според податоците на централната банка на Грција, 2016-та година ја завршува со раст на бројот туристи, но со пад на приходите со 6,4% до 13,22 милијарди евра. Туристите трошат околу 514,30 евра за време на својот одмор спрема речиси 580 евра во 2015-та година. Ова е најниско ниво на приходите од турист за последните 15 години.

Во туристичкиот сектор работат околу една петтина од вработените во Грција. Туризмот сочинува 20% од бруто домашниот производ на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП