17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПолни ходници во Skopje City Mall на LEGO Фестивалот

Полни ходници во Skopje City Mall на LEGO Фестивалот

vikend lego 00

Викендов започна LEGO Фестивалот во Skopje City Mall, каде посетителите уживаа во интерактивни, креативни и едукативни содржини и активности, преку најразлични LEGO наптревари, зони на играње и изложби.

vikend lego 01

LEGO Фестивалот започна на 04.03 а ќе трае до 26.03. Во просториите на Skopje City Mall изложени се преку 20 големи 3Д официјални LEGO фигури, 8 уникатни LEGO глави од LCP Dirk Denoyelle од Белгија (само 15 во цел свет).

vikend lego 02

Поставени се работилници и зони за играње каде се одржуваат интересни квизови и натпревари.

vikend lego 04

“Првиот викенд од LEGO Фестивалот резултираше со огромна посетеност од над 60.000 посетители. Задоволни сме како поминаа овие два дена, и се надеваме дека во наредните денови ќе имаме уште повеќе посетители кои ќе дојдат во Skopje City Mall и ќе ја почуствуваат LEGO магијата и светот на LEGO коцките.”  – изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

vikend lego 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП