12 мај, 2025
ПочетнаКАРИЕРАКако да прочитаме нечиј говор на телото?

Како да прочитаме нечиј говор на телото?

govor-tela

Питер Дракер, консултант, едукатор и автор, говори дека најважната работа во комуникацијата е она што не е кажано, а истражувањата покажаа дека од 65% до 90% од комуникацијата се одвива на невербално ниво. Еве само неколу примери како можеме да дознаеме не само што личноста мисли, туку и што чувствува:

– Лупкање со прстите по масата, читање на хартии, гледање во една точка – досада

– Отворени раце – отвореност

– Прекрстени раце на градите – личноста не се согласува со она што го слуша

– Прекрстени раце со стиснати надлактици – личноста е несигурна, не верува во она што го слуша и ги поттиснува чувствата. Ваквите лица со овој гест се обидуваат сами себе да се заштитат.

– Прекрстени раце со подигнат палец – самоувереност

– Преплетени прсти, а рацете со лакти наслонети на масата – фрустрација

– Рацете поставени како за молитва – сигурност и самоувереност

– Допирање на часовникот или манжетните, нараквиците, ланчето, прстенот – несигурност

– Држење на шолјата или чашата со двете раце – несигурност

– Собрани зеници – нерасположение, незаинтересираност

-Проширени зеници – расположение, заинтересираност

– Чупкање на невидливите кончиња на облеката – личноста не се согласува со мислењето, но не знае што да каже.

– Покривање на устата – ако личноста ја прекрива устата додека зборува значи дека лаже, а доколку ја прекрива устата додека ние зборуваме значи дека мисли дека нешто криеме.

– Фаќање на увото, повлекување на ресите или чешање зад увото – личноста не сака да го слуша тоа што го слуша

– Чешкање на вратот под ушната ресичка – несигурност

– Откопчано сако – подготвеност на преговори

– Соблекување на сакото – уште поголема подготвеност

– Завртување на ракавите од кошулата – попуштање во ставовите.

Меѓутоа, движењата не можат да се генерализираат туку мораат задолжително да се согледаат во однос на контекстот во кој се појавуваат. На пример, ако личноста која ги прекрстила рацете на градите, не мора да значи дека не го одобрува она што го слуша, туку можеби едноставно и е ладно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП