4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат цените на бензините и дизелот

Растат цените на бензините и дизелот

benzin-cena-benzinite-goriva

Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините се зголемува за 0,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,25%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,794 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.02.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,292 ден/кг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП