19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоениот буџет на Кина со најмал раст за повеќе од две децении

Воениот буџет на Кина со најмал раст за повеќе од две децении

china-military

Воениот буџет на Кина ќе порасне за 7 отсто оваа година на 151 милијарда долари, што е најмал раст за повеќе од две децении, изјави во понеделникот функционер на кинеското министерство за финансии.

Воениот буџет ќе изнесува 1,2 отсто од бруто домашниот производ, изјавил претставник на министерството за финансии, пренесе новинската агенција Xinhua.

Оваа изјава дојде ден откако Кина ја прекина традицијата без објавување на својот буџет за одбраната во текот на претставувањето на извештајот за годишното работење на владата.

Секоја година, почнувајќи уште од 1980 година, кинеската влада ги објавуваше своите издвојувања за одбрана уште првиот ден на годишната пленарна седница на кинескиот парламент и неговото советодавно тело.

Меѓутоа, премиерот Ли Кечијанг го поднесе во неделата извештајот за работењето на владата во кој не беа вклучени податоците за воениот буџет. Тоа предизвика загриженоста, особено на Западот, поради нетранспарентноста во врска со издвојувањата на Пекинг за одбраната.

Последните петнаесет години кинескиот воен буџет главно бележеше двоцифрен годишен раст, одразувајќи го силниот економски раст на земјата. Меѓутоа, минатата година имал раст од само 7,6 отсто, поради забавувањето на економскиот раст на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП