21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG го најави конкурентот на Porsche Panamera (видео)

Mercedes-AMG го најави конкурентот на Porsche Panamera (видео)

amg panamera3

Во пресрет на автосаемот во Женева, спортската поделба на „Mercedes-Benz“ ни покажа неколку дизајнерски елементи на нов модел – спортски седан, кој најверојатно ќе стане директен конкурент на „Panamera“.

До овој момент детали околу возилото нема, освен компјутерската слика што ја гледаме тука. Од него излегува дека очекуваме целосно нов спортски седан со четири врати и профил на „Coupe“ автомобил. По се изгледа дека тој ќе се продава заедно со третата генерација на „CLS“, на чии шпионски фотографии бевме сведоци неодамна.

По последните информации, новиот модел на „Mercedes-AMG“ ќе биде нешто како заменик на „CLS Shooting Brake“ и ќе има „liftback“ заден капак, кој ќе обезбедува лесен пристап до багажникот и ќе му овозможи на автомобилот да конкурира на новиот „Porsche Panamera Sports Tourer“.

Каков и да е случајот, производствената верзија на моделот, кој може да биде крстен „AMG GT4“ ќе личи на „AMG“ во дизајнерски и технолошки поглед. Моделот ќе биде базиран на модуларната платформа „MRA“, која се користи и на моделите „C63“, „E63“ и „S63“.

Уште е непознато, но се претпоставува дека „AMG“ ќе користи 4.0-литарскиот битурбо „V8“ мотор од „E63 S“ и во новиот модел. Ако тоа се потврди, корисниците ќе можат да се потпрат на 603 КС и 850 Нм вртежен момент. Потсетуваме дека со овој мотор „E63 S“ од место до 100 км/ч ќе стигнува за 3.3 секунди.

Се очекува новиот модел на „AMG“ да биде претставен во концептуален вид на автосаемот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП