20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Азиските берзи внимателно се тргуваше, се чека Фед да ги зголеми...

На Азиските берзи внимателно се тргуваше, се чека Фед да ги зголеми каматите

aziski-berzi

На азиските берзи во понеделник се тргува внимателно заради геополитичките тензии и уверувањето на инвеститорите дека американски Фед веќе во март ќе ги зголеми каматните стапки.

На Токиската берза индексот Nikkei во 7 часот беше во минус околу 0,4 отсто, а за толку паднале и цените на акциите во Сингапур.

Берзанските индекси во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг, пораснаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот беше во добивка 0,2 отсто.

На берзите владее внимателност бидејќи многу функционери на американската централна банка, меѓу кои и претседателката Џенет Јелен, последните денови сигнализираат дека зголемувањето на каматите е можно уште овој месец бидејќи расто на економијата забрзува, додека инфлацијата јакне.

Заради тоа, сега трговците проценуваат дека постои околу 90 отсто од шансите Фед во март да ги зголеми каматите, додека пред една недела овие шанси биле помали од 35 отсто.

Инвеститорите се воздржани и заради геополитичките тензии, откако утрово Северна Кореја лансираше четири проектили, а расте и напнатоста меѓу Кина и Јужна Кореја заради заложбите на Сеул да ги зајакне одбранбените капацитети.

Покрај тоа, утрово дополнително паднаа и цените на нафтата кои минатата недела се најдоа под притисок на веста за зголеменото производство во САД, но и дека Русија во февруари го задржала нивото на производство на ниво од јануари, додека инвеститорите се надеваа на намалување.

Утрово на лондонскиот пазар цената на барелот се лизна 0,3 отсто, на 55,75 долари

На валутните берзи доларот ослабе кон јапонската валута, а зајакна кон европската.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП