16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Србија, БиХ и Македонија има најмногу југоносталгичари

Во Србија, БиХ и Македонија има најмногу југоносталгичари

jugonost 000

Поради распадот на поранешна Југославија најмногу жали населението во Србија и Босна и Херцеговина (БиХ), покажува истражувањето објавено во книгата „Стратегијата на симболична изградба на нациите во државите од југоисточна Европа“, пренесуваат српските медиуми.

Според истражувањето, дури 71 процент од населението во Србија жали за распадот на Југославија, во БиХ процентот е 68 отсто, а во Македонија 45 проценти. За распадот на поранешна заедничка држава најмалку жалат Хрватите, односно 18 проценти, а уште помал е процентот кај населението на Косово.

Истражувањето било направено на 10.500 испитаници од регионот, без Словенија, и опфатило низа показатели за ставовите на луѓето во југоисточна Европа и за нивната поврзаност кон новонастанатите држави, односот кон религијата, националните симболи, минатото, односите со другите народи и прашањето на вината за минатите војни.

Резултатите наведуваат на фактот дека никаде на просторите од поранешна Југославија нацијата не е толку силно формирана како во Хрватска, а истражувањето, пак, кое се однесува на ставовите за војните од деведесетите години од минатиот век, но и државните граници, покажало длабока поделеност помеѓу Србија, Хрватска и БиХ.

jugonost 001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП