10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд предупредува за патот по кој се движи ЕУ

Оланд предупредува за патот по кој се движи ЕУ

oland pp3

Францускиот претседател Франсоа Оланд во понеделникот предупредил дека ЕУ ќе мора да се насочи кон патот на Европа во повеќе брзини, бидејќи во спротивно таа ќе „експлодира“, пренесуваат светските агенции.

„Ова е пресврт, европското будење подразбира јасен избор на форма на организацијата. Европа од 27 држави не може да остане единствена Европа. Идејата на Европа во повеќе брзини предизвика отпор но сега веќе сама се наметнува. Во спротивно, Европа ќе експлодира“, рекол францускиот претседател во интервју за повеќе европски дневни весници.

Оланд изјавил дека не може една земја да ги кочи останатите, а на Полска и Унгарија, чии влади бараат целата ЕУ да се врати на концептот на „послаба“ заедница со јакнење на националните држави собрани околу единствениот пазар и одбраната, им порачал дека Европа претставува систем на вредности.

„Нормално е Европската комисија да ги чува начелата на Унијата. Санкциите се можни, вклучувајќи ги и финансиските. Но една земја не може да се суспендира, и повторно да се обноват тие санкции кога таму ќе се промени владата“, рекол Оланд, додавајќи дека желбата земјите-членки да работат се заедно го носи и ризикот ЕУ да не работи ништо.

Оланд оценил дека главниот проблем на сегашната проширена ЕУ не се самите одлуки, кои според него се доста промислени, туку брзината со којашто тие се донесуваат.

„Пример е Грција околу која постигнавме компромис за време на 2015-та година Колку состаноци на Еврогрупата беа потребни за фактички да се испратат парите? Беа потребни три години за да се создаде монетарна унија. А бегалците? Колку беше потребно за да се воведат принципите на функционирањето на граничката стража. Европа доцни позади светот. Популистите користат твитови, кога Трамп го потпишуваше декретот за имиграијата помалку сметаше на неговиот моментален ефект, отколку на медиумите“, порачал Оланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП