26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛошиот квалитет ја намали цената на кафето за 17 отсто

Лошиот квалитет ја намали цената на кафето за 17 отсто

back_caffe_big

Полошиот квалитет ја спушти минатата недела цената на кафето за 17,3 отсто на аукцијата во Кенија.

Извештајот на главната берза на кафе во Кенија, покажува дека вреќите кафе од 50 килограми, биле продавани по просечна цена од 254,08 долари, додека на претходната аукција вреќата кафе чинела 307,3 американски долари.

Вреќите кафе во Кенија се откупуваат од производителите во пакувања од по 50 килограми, а потоа се препакуваат во вреќи од 60 килограми.

Ова е најголемиот пад на цените од 15 аукциски продажби, и тоа втор оваа година.

Кенија произведува повеќе видови кафе, при што преовладува арабика од типот милдс и робуста.

Повеќе од 90 отсто од произведеното кафе се извезува, а во вкупниот извоз на земјоделски производи, кафето учествува со осум отсто.

Во петок просечната цена на кафето на меѓународните берзи изнесувала околу 61,5 американски долари за килограм.

Арабиката, од типот милдс беше тргувана по цена од 73,6 американски долари за килограм, додека робуста за 48,8 американски долари за килограм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП