18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНесигурноста околу Трамп ги притиска и авионските резервации кон САД

Несигурноста околу Трамп ги притиска и авионските резервации кон САД

pat sad 000

Резервациите за патувања во САД во претстојните месеци се намалуваат по позитивниот почеток на годината, бидејќи неизвесноста околу можната нова забрана ги запира посетителите, соопштува компанијата за анализи во секторот „ForwardKeys“, цитирана од агенциите.

„ForwardKeys“ која анализира 16 милиони резервации за летови дневно од големите глобални системи за резервации, вели уште дека патувањата од САД до и од Блискиот Исток биле притиснати особено силно, откако претседателот Доналд Трамп издаде забрана за влез во САД на лица од седум претежно муслимански земји од Блискиот Исток и Северна Африка.

„Несигурноста владее и претседателската реторика очигледно ги запира посетителите кон САД“, вели основачот на „ForwardКeys“, Оливие Џегер во соопштението.

Побарувачката на патувања кон САД очигледно ќе биде главна тема на најголемиот саем за туризам во светот – „ITB“, во Берлин оваа недела.

По забраната на Трамп, наметната во јануари, меѓународните патувања кон САД се намалиле за 6,5% во следните осум дена, покажуваат податоците на „ForwardKeys“ од минатиот месец.

pat sad 001

Во последното ажурирање компанијата вели дека резервациите кон САД се обновени, откако судот ја отстрани забраната, но повторно се намалени во деветте дена по објавувањето на плановите за нова забрана на 17-ти февруари.

Генерално резервациите за патување во САД во текот на следните три месеци се намалуваат за 0,4% во однос на минатата година. За споредба, пред Трамп да ги наметне ограничувања за патниците предвиде раст од 3,4%.

Истражувањето покажува дека натрупаните резервации од САД кон Блискиот Исток се зголемиле за 12% во однос на минатата година во трите недели пред забраната. Во 4-те недели потоа, сепак тие се намали за 27%.

Според сајтот за пребарување на билети „Kayak“, побарувачката на летови од Европа кон САД се намалил за 12% од изборите наваму. Забраната сепак не ги спречила Германците, кои се една од нациите, кои трошат најмногу за патувања, и побарувачката на билети до САД порасна за 10% во периодот, вели „Kayak“ во податоците обезбедени за „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП