9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Венецуела прва во светот според индексот на беда

Блумберг: Венецуела прва во светот според индексот на беда

ми1

Според Блумберговата листа на земји и нивниот Индекс на беда, кој се добива со собирање на инфлацијата и невработеноста, најбедна земја во 2017 година ќе биде Венецуела со 499,7 поени благодарение на хипер-инфлацијата, која ја тресе оваа земја веќе две години.

На второто место е Јужна Африка со 32,2 поени, а на третото е Аргентина со 30,9 проценти. На четвртото, петтото и шестото место се Грција, Турција и Шпанија, а до десеттото место се, Украина, Србија и Бразил.

Од соседите Србија на листата на Индексите на беда се наоѓа на осмото место (1-то место е најлошо, 60-тото најдобро) со 17,9 поени, колку што според проценката на Блумберг е дадениот збир на инфлацијата и невработеноста во оваа година. Србија се наоѓа пред Бразил, Уругвај, Колумбија и Хрватска.

Инаку најдобро пласирани на листата се Тајланд со 2,6 поени пред Сингапур, Швајцарија и Јапонија. Блумберг овој резултат на Тајланд го објаснува со „уникатниот“ начин на пресметка на невработеноста во оваа земја.

ми2

ми3

ми4

ми5

ми6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП