Кинеската влада постави нова цел за 2017-та година – раст на бруто домашниот производ до околу 6,5%. Ова стана јасно во рамките на годишното заседание на парламентот во Пекинг.
Во 2016-та година втората најголема економија во светот се прошири со најспора стапка од четвртина век – 6.7 проценти. Земјата се обидува да оствари „хипербрз“ раст базиран на инвестиции и извоз.
Оваа транзиција сепак е комплицирана од забавувањето на економијата, поскапувањето на валутата со масивните одливи на капитал од страна на кинески претпријатија кои бараат остварување на своит ецели во странство, како и од загриженоста за кризата во пазарот на недвижности.
Владиниот извештај постави и целна инфлација од „околу 3 отсто“ за оваа година. Околу 3.000 политичари од цела Кина се собраа во Пекинг за годишната средба на парламентот, нарекувана „двете сесии“. Настанот обезбедува широк поглед кон политиката и приоритетите на земјата.
Тоа се внимателно следени сигнали за чекорите кои кинеската власт ќе ги преземе за да се справи со забавувањето на растот, повлечен надолу од прекумерна продуктивност и структурна неефикасност. Аналитичарите очекуваат да видат и како силно зависната од извозот економија ќе реагира на заканите за трговска војна од Доналд Трамп.