12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна процесот на гасификација во Македонија

Започна процесот на гасификација во Македонија

gas

Огласите за изградба на секундарниот и терцијарниот гасовод преку јавно­-приватно партнерство денеска се објавени во јавните гласила во Македонија, а извесен период ќе бидат достапни и на официјалното гласило за тендери на Европската унија ­ платформа ТЕД.

Со тоа започнува процесот на секундарна и терцијарна гасификација во Македонија која се очекува да чини околу 150 милиони евра.

Ќе бидат опфатени 17­те општини во Скопскиот регион, 36­те општини во Источниот регион и 26­те општини во Западниот регион. Надлежните очекуваат да има интерес кај компаниите и да биде избран најдобриот понудувач. ­

“Сметам дека овие огласи ќе предизвикаат големо внимание кај заинтересираните компании и дека ќе се зголеми конкуренцијата, а на крај бенефит ќе имаат како компаниите кои ќе ги добијат концесиите, така и Република Македонија и крајните корисници”, рече вицепремиерот Владимир Пешевски на вчерашната прес­конференција.

За разлика од претходно, во овој оглас има неколку суштински подобрувања како од технички аспект, така и во однос на тоа дека периодот на концесија е продолжен од 20 на 30 години, а и приклучокот којшто треба да го субвенционира Владата е намален за дваесетина проценти.

Во однос на примарната гасификација досега целосно е изграден магистралниот гасовод од Клечовце до Штип, додека во тек на реализација се три магистрални гасоводни делници од Штип до Неготино, од Неготино до Битола и од Скопје преку Тетово до Гостивар.

Во следниот период се очекува да започне изградбата на уште 13 делници на магистрални гасоводи и осум краци за поврзување на гасодоводот со индустриските зони. Вкупната инвестиција за примарната гасоводна мрежа изнесува околу 350 милиони евра. Доколку се се одвива според планираното се очекува примарниот гасоводен систем да биде готов до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП