17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија увезува гас преку контраверзниот енергетски проект Камисеа

Велика Британија увезува гас преку контраверзниот енергетски проект Камисеа

peru

Танкерот кој пристигнува во Велика Британија превезува контроверзен товар, односно гас од перуанската покраина Амазонија, пишува во саботата BBC.

Станува збор за првата испорака на енергенсот од проектот Камисea, гасно поле во перуанската прашума на околу 90 километри од познатиот археолошки комплекс Мачу Пикчу.

Приврзаниците на ткн фракирање, велат дека Велика Британија на тој начин да го искористува својот сопствен гас, наместо да ги увезува од еколошки чувствителните области, како што е Амазон.

Противниците, пак, предупредуваат дека ваквиот метод предизвикува нарушувања на почвата и загадување на природната средина, како и дека придонесува за забрзување на неповолните климатски промени.

Танкерот „Gallinas“, во сопственост на енергетската компанија „Shell“, треба да пристигне на островот Грејн во англиската грофовија Кент. Од компанијата не сакале да ја коментираат за BBC испораката на гас од Перу.

Искористувањето на гасот од полето Камисea е контроверзен проект. Организацијата Survival International ги обвини вклучените компании дека во споменатата област внесле болести кои убиле бројни припадници на дотогаш изолираните амазонски племиња.

Проектот придонесува за јакнењето на економијата на Перу, но за домородното население нема никаква полза, истакнуваат од споменатата организација за човекови права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП