По пет години работење со загуба, „Mazda“ во фискалната 2012-та година за првпат оствари профит. Иако јапонскиот производител тоа не го соопшти се верува дека најголемата заслуга за добрите пазарни резултати му припаѓаат на моделот „CX-5“.
„Mazda“ соопшти дека во фискалната 2012-та година која заврши на крајот на март 2013-та година оствариле нето-профит од 364.3 милиони долари. Во споредба со една година претходно кога компанијата забележи загуба од дури 1.14 милијарди долари.
Со оглед дека во текот на 2012-та година на сцена стапи новата генерација на возилата на „Mazda“ со „SKYACTIV“ технологија и нов дизајнерски израз, а посебно имајќи го во предвид модел „CX-5“ и неговата продажба во сите 12 месеци се чини дека јапонскиот производител направил вистински погодок со новите автомобили.
Иако на глобално ниво е постигнат успех, „Mazda“ се уште прави загуба на северноамериканскиот пазар. Сепак компанијата предвидува во текот на 2013-та година да го подобри работењето и во тој дел на светот, проценувајќи дека бројот на продадени возила ќе се зголеми за 380.000 во 2012-та година на 415.000 во 2013-та година.
И во Европа во која во 2012-та година е забележан пад на продажбата на возилата на „Mazdа“ од 6 проценти, но од компанијата планираат испораката да се зголеми за дури 17 проценти.
Овие оптимистички прогнози се засновани на се поголемата популарност на кросоверот „CX-5“ и на целосниот влез на сите пазари на новата „Mazdа 6“, но и на најавената премиера на следната генерација на „Mazdа 3“.