10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина очекува враќање на меѓународните пазари

Атина очекува враќање на меѓународните пазари

grčka-600x337

Потпретседателот на Владата на Грција, Јанис Драгасакис, изјави дека неговата земја би можела да се врати на меѓународните пазари за хартии од вредност во текот на оваа година доколку наскоро биде решен застојот во преговорите со кредиторите.

Драгасакис на финансиката конференција во Атина изјави дека Грција оваа година би требало да одржи „пробна аукција“ доколку преговорите со кредиторите за следната транша финансиска помош бидат заклучени „во рок од неколку недели“.

Францускиот премиер Бернар Казнев и министерот за финансии Мишел Сапен во моментов учествуваат во разговорите во Атина.

Се очекува дека грчките официјални лица ќе побараат помош од Франција за надминувањето на несогласувањата во преговорите со кредиторите, пренесува АП.

Кредиторите бараат од Атина да продолжи со спроведувањето на реформите со цел и понатака да добива помош, а грчките официјални лица сметаат дека е време да се заврши политиката на штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП