2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција во незавидна позиција, ја моли Германија за спас на економијата

Турција во незавидна позиција, ја моли Германија за спас на економијата

WorldGermanyTurkey

Германските медиуми едвај ја дочекаа информацијата која веќе ја пласираше германскиот весник Шпигл – дека државниот врв на Турција од Берлин побарал економска помош.

Станува збор за неодамнешната посета на турскиот премиер Мехмет Шимшек на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, а на тој состанок премиерот на Турција, како што пренесуваат медиумите, го замолил Шојбле да и помогне на погодената турска економја.

Зошто оваа вест толку ги израдува Германците? Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, во последните неколку години всушност често им се закануваше на членките на ЕУ дека на нив им е потребна Турција, а не тие на Турицја. И повеќе пати алудираше на пуштање на стотици илјади бегалци кон Европа.

Меѓутоа, економијата на Ергодан, која пред неколку години имаше речиси двоцифрена стапка на БДП, сега започна да бележи и пад на БДП. Светската банка и предвиде за оваа година раст од најмногу три проценти, што за Турција не е одржливо.

Турската лира исто така западна во вртлогот на инфлацијата, а на сето тоа Ердоган земјата ја вовлече во војна во Сирија, упадна во кавга со Москва и САД, а земјата ја потресуваат и терористички напади.

Како што објавија, турскиот премиер германскиот министер го молел првенствено да се обиде да ги испрати Германците на турските туристички места, дури и да ги наговори своите колеги во ЕУ да го направат истото, се со цел турската економија да се спаси од пропаст.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП