Британскиот министер за Brexit Дејвид Дејвис рече во петок дека Велика Британија ќе се обиде да ги почитува правата на три милиони граѓани на Европската унија(ЕУ) кои живеат на нејзина територија по започнување на процедурата за раздвојување од Унијата.
„За граѓаните на ЕУ сакаме нешто слично или идентично, кога станува збор за правото на престој и пристап до социјалните служби, она што го имаат и британските граѓани, рече Дејвис на заедничка прес конференција во Братислава со словачкиот премиер Роберт Фицо.
Судбината на три милиони Европејци кои живеат во Велика Британија е во центарот на процедурата што ја започна британскиот парламент заради покренувањето на Brexit.
Повеќето од нив доаѓаат од Полска или Словачка и бараат заштита на своите права без оглед на Brexit.