19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК разгледува заем за Грција со Светската банка

ЕК разгледува заем за Грција со Светската банка

gre3999

Европската комисија е во контакт со Светската банка за доделување на заем за Грција, соопшти портпаролот на институцијата Аника Браjдхард на брифингот емитуван во видеосистемот на Комисијата.

Со средствата Атина ќе финансира мерки за подобрување на пазарот на трудот и намалување на невработеноста. Една од опциите е средствата да бидат доделени од страна на Светската банка, додаде Брајдхард.

Таа потсети дека во многу случаи во минатото слични активности биле финансирани со поддршка на Европската комисија. Грција доби средства за активни мерки на пазарот на труд во новиот програмски период (2014 – 2020 година).

„Продолжуваме да ги поддржуваме Грција во своите напори да ја намали социјалната исклученост, невработеноста на младите и трајно невработените, како и потребната поддршка за економското заздравување на земјата“, дополни портпаролот на ЕК.

Таа одби да даде повеќе детали за новиот проект, бидејќи разговорите меѓу институциите се уште се во многу рана фаза.

Грција е со највисока стапка на невработеност во ЕУ и еврозоната, покажуваат последните податоци на „Еуростат“. Во ноември 2016-та година без работа се 23% од работоспособното население на земјата. За споредба средното ниво во ЕУ достигна до 8,1 отсто (во јануари 2017-та година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП