18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на увозот и извозот на стоки

Раст на увозот и извозот на стоки

uvoz izvoz3399

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесува 19 903 303 илјади денари и бележи пораст од 11.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2017 година, изнесува 26 847 907 илјади денари, што е за 23.0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2017 година, изнесува 6 944 604 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2017, изнесува 74.1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во јануари 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесува 323 182 илјади евра и бележи пораст од 12.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 436 216 илјади евра, што е за 23.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2017 година, изнесува 113 035 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесува 343 784 илјади американски долари и бележи пораст од 9.6% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 463 628 илјади американски долари, што е за 20.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2017 година, изнесува 119 844 илјади американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП