12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOд големо значење за граѓаните и за животната средина e eнергетската ефикасност

Oд големо значење за граѓаните и за животната средина e eнергетската ефикасност

dom energetski33

На овогодинешниот Саем на градежништво посебен фокус е ставен на енергетската ефикасност. Објектите трошат околу 40% од енергијата и 40% од ресурсите кои се произведуваат на глобално ниво и поради тоа тие се едни од најголемите придонесувачи во продуцирањето на стaкленички гасови.

Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и во работните средини сè повеќе не е луксуз и привилегија, туку е услов кој треба да обезбеди подобра иднина. Од енергетските показатели може да се забележи дека 40% од енергетските потреби на Република Македонија се за задоволување на потребите на домаќинствата.

За време на саемот, контролори од областа на енергетската ефикасност ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво и Саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од Swisscontact и ПРЕДА Плус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП