20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУгостителските услуги во февруари пониски за 0,1 отсто

Угостителските услуги во февруари пониски за 0,1 отсто

ugostitelstvo1333

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во споредба со јануари 2017 година, е намален за 0.1%. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Ноќевања за 0.7%.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП