27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарањата за помош при невработеност во САД се речиси на 44-годишен минимум

Барањата за помош при невработеност во САД се речиси на 44-годишен минимум

baranja rabota33

Едвај 223.000 Американци аплицираа за помош при невработеност во САД во минатата недела, што е најмалиот број од речиси 44 години, пренесоа американските медиуми.

Министерството за труд соопшти дека молбите за помош се намалиле за 19.000 наспроти 242.000 во претходната недела до најниско ниво од март 1973-та година, кога претседател беше Ричард Никсон.

Барањата се под прагот од 300.000 веќе две години по ред, најдолгиот период од 1970-та година.

Вкупно 2,07 милиони Американци добиваат помош при невработеност, што е пад со 7,4 отсто во однос на минатата година.

Барањата за помош при невработеност се показател за отпуштањата. Со ниското ниво се претпоставува дека работодавците остануваат доволно уверени во економијата, за да се фокусираат кон нови вработувања и да го задржат досегашниот персонал.

Невработеноста во САД била 4,8 проценти во јануари, што е близу до нивото, оценувано од експертите како целосна вработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП