12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговијата на мало во Германија изненадувачки слабo ja започна годината

Трговијата на мало во Германија изненадувачки слабo ja започна годината

trgovija de malo

Трговија на мало во Германија оствари изненадувачки слабo ja започна годината, покажуваат податоците објавени од германската статистичка служба „Destatis“.

Продажба на мало како целина во јануари се намали за 0,8% во однос на декември 2016-та година, земајќи ги во предвид сезонските флуктуации и календарските ефекти, покажува статистиката, цитирана од онлајн изданието „MarketWatch“.

Економистите анкетирани од „The Wall Street Journal“, прогнозираа 0,2% зголемување на продажбата на мало во Германија на почетокот на годината.

Трговците во најголемата економија во Европа, сепак се справила доста подобро во декември во споредба со првичните проценки. Вкупниот промет е непроменет во однос на ноември, додека првичната проценка посочуваше дека е намален за речиси 1%.

„Destatis“ често ги ревидира своите податоци за продажбата поради задоцнетото известување од страна на некои големи претпријатија, наведува весникот.

Вкупниот промет на трговците, приспособен со инфлацијата, се зголемува за 2,3% во јануари во однос на јануари 2016-та година.

Продажбата преку интернет остануваат силна, истакнувајќи раст на годишна основа од 10,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП