27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит забележаа пад

Индексите на Волстрит забележаа пад

image-volstrit

На Волстрит во четвртокот индексите паднаа од рекордните нивоа, што е последица од корекцијата на цените на акциите по силниот скок ден претходно, особено во финансискиот сектор.

Индексот Dow Jones се лизна за 0,53 отсто, 21.002 поени, додека индексот S&P 500 падна за 0,59 проценти, на 2.381 поен, а Nasdaq индексот 0,73 отсто, на 5.861 индексот поен.

Најмногу во четвртокот паднаа, просечно за 1,5 отсто, цените на акциите на финансискиот сектор кој ден претходно скокна речиси за 3 отсто.

Индексот Dow Jones се најде, пак, под притисокот на падот на цената на акцијата на компанијата „Caterpillar“, за повеќе од 4 отсто, по веста дека федералните агенти влегле во просториите на овој произведувач на машинерија. За јавноста не се открива што барале, а компанијата по затворањето на берзата извести само дека агентите собирале документи и електронски информации.

Во фокусот на вложувачите во четвртокот беше и акцијата на „Snap“, покривната компанија на социјалната мрежа „Snapchat“ којашто во првиот ден од тргувањето на берзата по иницијалната јавна понуда (IPO) поскапи за повеќе од 40 отсто. Во четвртокот цената на оваа акција скокна на 24,40 долари, додека во IPO-то беше одредена на 17 долари.

Бидејќи немаше позначителни негативни вести, аналитичарите падот на индексите ги припишуваат на корекциите на цените по силниот раст од ден претходно.

Сите три индекса скокнаа во средата за повеќе од 1,3 отсто, на рекордните нивоа, откако американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето во Конгресот ги повтори ветувањата дека ќе воведе даночно олеснувања за средната класа, ќе ги намали корпорациските даноци и ќе вложи во инфраструктурата 1.000 милијарди долари.

„Ден претходно цените силно пораснаа без многу реални вести кои би требало тоа да го оправдаат, па мислам дека сега вложувачите се одлучиле за профитабилна продажба“, вели за Reuters Рик Меклер, претседател на компанијата „ LibertyView Capital Management“.

Додава дека се чини оти вложувачите се пренасочуваат од секторите коишто од победата на Трамп на претседателските избори ланскиот ноември најмногу пораснаа, на пример, финансискиот, во оние коишто заостануваа, како што се комуналниот кој во четвртокот порасна за 0,7 отсто.

Покрај тоа, вложувачите се попретпазливи бидејќи е веќе извесно дека американската централна банка веќе во март би можела да ги зголеми клучните каматни стапки, бидејќи растот на економијата, но и инфлацијата забрзуваат. Откако низа челници на банката последните денови порачаа дека не би требало да се чека со зголемувањето на цената на парите, трговците на пазарите на пари сега проценуваат дека постојат 74 отсто шанси дека каматите ќе бидат зголемени веќе во март, додека на почетокот од седмицата за тоа даваа само 30 отсто шанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП