29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook месечно губи милиони корисници

Facebook месечно губи милиони корисници

bye-facebook

„Facebook“ губи секој месец милиони корисници и тоа на најголемите пазари. Друштвената мрежа се подготвува на инвеститорите да им ги претстави резултатите од работењето во првиот квартал од оваа година, а аналитичарите процентуваат дека дошло до зголемување за 36 проценти во однос на претходната година.

Меѓутоа минатиот месец најголемата друштвена мрежа загуби дури шест милиони корисници во Америка што претставува пад од четири проценти. Во Велика Британија намалувањето изнесува 1.4 милиони корисници или пад од 4.5 проценти.

Корисниците исто така преминуваат на алтернативни друштвени мрежи и во Канада, Шпанија,Франција, Германија и Јапонија. Од „Facebook“ никој несакаше да ги коментира овие промени.

„ Проблемот е во тоа што во САД и Велика Британија многу луѓе кои сакаат да имаат профил веќе и го имаат. Меѓутоа факторот-досада го чини своето и луѓето имаат желба да пробаат нешто ново. Можеби „Facebook“ ќе оди по патот на „MySpace“. Ризикот е релативно мал, но неможе да се каже дека непостои“, тврди експертот за нови медиуми Јан Мод.

Алтернативните друштвени мрежи како „Instagram“, страната за споделување на фотографии за 18 месеци освои 30 милиони корисници пред „Facebook“ да го купи.

Друштвената мрежа „Path“ која е за корисниците на паметните телефони, а ја основаше поранешниот вработен во „Facebook“, Дејв Морин, добива скоро милион корисници неделно.

Бројот на корисници на „Facebook“ забрзано расте во Јужна Америка и Индија. Меѓутоа развиените пазари имаат се помалку нови корисници на оваа друштвена мрежа. Се намалува и бројот на минути кои американците ги поминуваат на „Facebook“, па така просекот во декември 2012-та година изнесувал 121 минута, а сега се намалил на 115 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП