28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУтре започнува LEGO® фестивал во Skopje City Mall

Утре започнува LEGO® фестивал во Skopje City Mall

LEGO-f 00

Ексклузивно во Skopje City Mall, започнувајќи од утре па сѐ до 26.03 посетители од сите возрасти ќе имаат можност да го посетат LEGO® фестивалот и да ја почувствуваат LEGO магијата и светот на LEGO коцките.

LEGO-f 01

“Ова е наша 5-та успешна година и затоа одлучивме да ја започнеме со едно интересно искуство и во знак на благодарност на нашите верни посетители да им понудиме настан од ваков тип – интернационален фестивал кој е под франшиза на The LEGO Group. Ќе бидат прикажани над 20 LEGO® фигури, децата ќе можат да играат во 5 LEGO® зони, а најголема атракција ќе бидат 8те LEGO® глави кои се изработени од LEGO® сертифицираниот професионалец Дирк Дeнојл (од вкупно 15 во светот). Да сумирам, ова ќе биде најатрактивниот настан за сите генерации кој некогаш се реализирал во нашата држава, кој воедно ќе придонесе за доближување на нашата детска култура до европските трендови.“ – вели Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

LEGO-f 02

LEGO® производите постојано се пренесуваат од една генерација на друга, поттикнувајќи ја креативноста и фантазијата на децата и возрасните ширум светот.

LEGO-f 04

На овој фестивал сите ќе можат да уживаат и да го разбудат детето во себе со овие безвременски играчки, а воедно ќе можат да ја изразат бујната имагинација преку различни работилници и натпревари. Организацијата на овој настан ја поддржаа Лајка Мобајл, ЕВН и КРШ Тојс.

LEGO-f 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП