3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота и недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Во сабота и недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

bulevar-boris-trajkovski

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во деновите од претстојниот викенд, сабота и недела, ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“.

Прекопите ќе се изведуваат на локацијата пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Поради тоа, на булеварот „Борис Трајковски“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се молат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП