14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Цените на храната во светот со благ раст во февруари

ФАО: Цените на храната во светот со благ раст во февруари

173427169458b83eec895ee837476202_w640

Индексот за цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО), благо порасна во февруари, седми месец по ред, за што придонесоа цените на пченицата и пченката.

Индексот на ФАО за цените во кошницата со основни прехрмбени производи порасна во февруари за 0,5 проценти од ревидираното јануарско ниво и за 17,2 проценти во однос на февруари 2016 година, достигнувајќи просечна вредност од 175,5 поени, највисокото ниво во речиси две години, се вели во официјалниот извештај на светската организација со седиште во Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП