2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв пат за последните четири години - милијардите вредеа

Прв пат за последните четири години – милијардите вредеа

35699087958b1a8ff77109031248044_w640

Инфлацијата во еврозоната во февруари забрза на 2,0 проценти, со што за прв пат во четири години ја достигна целната инфлација на Европската централна банка.

Истовремено, стапката на невработеност во 19-члената еврозона во јануари изнесувала 9,6 проценти, што е непроменето во однос на декември, но и понатаму е најниска стапката од мај 2009 година, се наведува во соопштението на Еуростат, а пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите кои ги анкетираше истражувачката компанија Фактсет очекуваа инфлација од 2,0 проценти, по скокот на цените од 1,8 проценти во јануари и 1,1 проценти од декември. Последен пат кога инфлацијата во еврозоната била на 2,0 било во јануари 2013 година.

Инфлацијата е клучниот показател за побарувачката на потрошувачите, а ЕЦБ својата цел за инфлацијата ја постави на 2,0 проценти, во настојување да се обезбеди скромен, но одржлив раст на цените.

Глобалната финансиска криза од 2008 година ја доведе еврозоната на „колена“, бидејќи владите ј намалиле потрошувачка и ги зголемиле даноците, што ја загрози побарувачката и ја турна економијата во рецесија.

Реагирајки на тоа, ЕЦБ „вбризга“ повеќе илјади милијарди евра во банкарскиот систем со цел на претприемачите да им обезбеди евтини кредити за инвестирање и отворање на нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП