8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБранко Азески ќе биде учесник на 24-от Копаоник бизнис форум

Бранко Азески ќе биде учесник на 24-от Копаоник бизнис форум

ba

На форумот годинава ќе земат учество повеќе од 1000 учесници. Во текот на трите денови колку што ќе трае форумот ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис лидери, кои ќе ја разгледуваат програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот пошироко. Во рамките на првиот ден од Форумот, говорник ќе биде и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Тој ќе одржи свој говор во рамките на Панел 3 под тема „Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион едно стопанство“.

Традиционалниот 24 по ред Копаоник бизнис форум ќе има најмногу број учесници досега. Учеството го потврдија претставници од Владата на Србија, домашни и странски стопанственици во сферата на банкарството, осигурувањето, секторот тровија, туризам, енергетика, земјоделие и фармацевтската индустрија. На форумот исто така ќе бидат присутни и амбасадори, дипломати, претставници од меѓународите финансиски инвестиции, економски аналитичари, теоретичари, меѓународни експерти, како и претставници од медиумите. Во период од 7 до 9 март во хотелот Гранд на Копаоник, каде ќе биде одржан тридневниот форум ќе бидат одржани 20 панел дискусии, три пленарни сесии, четири специјални случувања и две панел презентации. Тема на форумот е „Програма за реформи во Србија: Што може да се научи од минатото и кои се решенијата за иднината“.

Во рамките на првиот ден од Форумот, говорник ќе биде и Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија. Тој ќе одржи свој говор во рамките на Панел 3 под тема „Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион едно стопанство“.

Во пресрет на форумот претседателот на Сојузот на економисти во Србија, Александар Влаховиќ изјави:

„Горд сум што форумот од година во година станува се помасовен. Годинава тој ќе обедини над 1000 учесници од регионот и пошироко. Нивната заедничка задача е критички да ја согледаат економската политика на Владата на Србија во изминативе 12 месеци и едновремено да ја охрабриме Владата во иднина уште поодлучно да имплементира структурни реформи. Самиот факт дека буџетскиот дефицит е намален речиси пет пати од 2014 година говори дека екстерната позиција на Србија во регионот од година во година е се подобра, а тоа секако ќе влијае позитивно на околните земји“

Главен партнер на форумот годинава е Мастеркард, како глобална технолошка компанија. Артур Туремка, генералниот директор на компанијата за балканскиот пазар истакна дека благодарејќи на технологијата и воведувањето на електронското плаќање и намалувањето на готовинското плаќање помага при намалувањето на сивата економија, која пак го стопира економскиот раст.

Програмскиот одбор на Форумот предвиде расправи во рамките на три области:

7 март – Интелигентна инвестиција како нова агилност на Владата во полето на фискалната консолидација

8 март – Програма за реализација на реформи: Развој на инфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор и обмислен пораст

9 март – Одржлив и инклузивен развој: Перспектива на индустриските политики

На Форумот како специјални гости меѓу другите ќе присуствуваат: Премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ, министерот за финансии Душан Вујовиќ, министерот за земјоделие и заштита на животна средина Горан Кнежевиќ, потпретседателката на Влада и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, министерот за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ, министерот за млади и спорт Вања Удовичиќ… Гости и учесници во Форумот ќе бидат Џејмс Роаф, шеф на мисијата на ММФ за Србија и Елен Голдстин, директор на Светска банка за Западен Балкан. Лејн Џесон, извршен потпредседател за развој на пазарот на Европа – Мастеркард, Џорџ Сајмон, директор за Централна Европа – Мастеркард, Петер Хофингер, член на бордот на Виена Иншуренс Груп… На Форумот ќе учествуваат и амбасадори од Русија, Германија, Швајцарија, Канада, САД и Холандија. Исто така, Форумот ќе биде место каде ќе можат да се сретнат сите претседатели на регионалните стопански комори од Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП