19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреполовен прометот на Македонската берза

Преполовен прометот на Македонската берза

makedonska-berza233

Вкупниот промет на Mакедонската берза во четвртокот беше речиси преполовен во однос на претходниот трговски ден и изнесуваше 12.116.747 денари.

Акцијата на Реплек беше најтргуваната акција, со промет од 2.658.000 денари и учество во вкупниот промет речиси 21,9 отсто. Се тргуваше по просечна цена од 44.300 денари по акција и беше истргувано количество од 60 акции преку три трансакции.

Со раст од 39,50 отсто и цена од 279 денари акцијата на Житолукс Скопје ја зазема челната позиција на листата на добитници. Зад неа со пораст од 8,70 отсто се најде акцијата на ОКТА Скопје со истргувана количина од 10 акции по просечна цена од 2.474 денари.

Лидер на негативната листа беше акцијата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје со пад од 2,85 отсто при што се истргуваа 17 лотови по просечна цена од 23.800 денари.

Во вкупниот промет обврзниците имаа скромно учество. Се истргуваа единствено 4.800 лотови од обврзницата за денационализација РМДЕН15 преку една трансакција.

Индексите МБИ10 и ОМБ го завршија вчерашното тргување со незначителен раст од 0,10 односно 0,15 отсто, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП