6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогаташите во Кина се богатат побрзо од растот на економијата

Богаташите во Кина се богатат побрзо од растот на економијата

china

Богатствата на најбогатите 100 членови на кинескиот парламент и на неговото советодавно тело се зголемиле за 64 отсто во последните четири години откако на власт дојде претседателот Кси Џинпинг, според податоците коишто во четвртокот ги објави организација која ги следи богатствата на поединци во Кина.

Кси Џинпинг води борба против корупцијата и декаденцијата, а борбата против сиромаштијата во најбројната нација на планетата ја прогласи за свој приоритет кога во 2013 година стана претседател на Кина.

Меѓутоа, богатството на личности во врвот на Секинескиот народен конгрес и Кинеската народна политичка советодавна конференција, според институтот „Hurun“ од Шангај, растело во овој период побрзо од кинеската економија, берзата, цените на недвижнините и платите.

Според извештајот кој го пренесува Reuters, 209-те членови на споменатите тела, коишто во петок ќе ги започнат своите годишни заседанија, оваа 2017 година секој има по 290,7 милиони американски долари или повеќе. Нивното вкупно богатство одговара речиси на бруто домашниот производ (БДП) на Белгија, на пример, и изнесува повеќе од 3,3 билиони јуани, или 507 милијарди долари. Повеќето од нов се милијардери, изразено во американската валута.

Стотината најбогати вредат вкупно 3 билиони долари, 64 отсто повеќе од 1,84 билиони јуани во 2013 година.

Тоа е просечно зголемување од 13 отсто од 2013 до 2016 година, додека во истиот тој период кинеската економија растеше со забавено темпо од 7,2 отсто на годишно ниво.

Меѓутоа, треба да се истакне дека станува збор за деловни луѓе, а не за професионални политичари. Нивното присуство во парламентот и во неговото советодавно тело е пресметан потег на Кинеската комунистичка партија којашто со тоа сака да ги осигури нивната лојалност и интерес за партијата, додека тие со тоа добиваат политичка заштита, појаснуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП