17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаднаа цените на нафтата

Опаднаа цените на нафтата

nafta 3439940

Цените на нафтата паднаа во четврток на меѓународните пазари под нивото од 56 долари, под влијание на податоците за рекордното ниво на резервите во САД и немаленото руско производство во февруари.

На лондонската берза цената на барелот падна 75 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 55,61 долар за барел. За ист износ барелот поевтини и на американскиот пазар, каде што се тргуваше по цена од 53,08 долари.

Во фокусот на пазарот беше и податокот на американската влада дека резервите на сирова нафта минатата недела пораснале за 1,5 милиони барели, на рекордни 520,2 милиони барели.

На овој податок се надоврза и оној за непроменетото руско производство во февруари, од 11,11 милиони барели дневно, сигнализирајќи пауза во обидите на Москва да го ограничи производството во рамки на меѓународниот договор од ноември минатата година.

Истражувањето на Reuters, пак, покажа дека Организацијата на земји-извознички на нафта(ОПЕК) во февруари го намалила производството втор месец по ред, со што достигнале околу 94 отсто од договореното намалување и дополнително го поправиле резултатот од јануари.

„Над пазарот се шири застојан мирис“, констатираше на Глобалниот нафтен форум на Reuters, Оле Хансен од Saxo Bank, алудирајќи на тесниот ценовен распон.

Цените на нафтата се невообичаено стабилни откако водечките производители на чело со ОПЕК во ноември договорија намалување на производството и нивните промени не надминуваат пет долари.

Рускиот министер за енергетика изјави во четврток дека сè уште не може да се каже со сигурност дали договорот ќе биде продолжен и во втората половина на годината.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во среда изнесувала 53,83 долари, што значи дека пораснала за 42 центи, во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП