18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународниот ден на правата на жените ќе биде одбележан со серија настани

Меѓународниот ден на правата на жените ќе биде одбележан со серија настани

zenski-prava1-680x365_c

Под глобалното мото „Планета 50:50 до 2030 – истапи за родовата еднаквост“, Меѓународниот ден на правата на жените се одбележува преку серија настани и иницијативи.

Традиционално по осми пат од 6 до 9 март ќе се одржат „Вечерите на женски права“, поддржани од Град Скопје, во соработка со UNWomen, Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје и Центарот за истражување и креирање политики.

Теми на овогодинешните вечери се : Улогата на жената во услови на криза и економските права на жените, проследени со бројни активности како ликовни изложби, проекции на филмови, тематски дискусии, креативни работилници и друго.

Дополнително, на 8 Март Македонија ќе се приклучи на глобалната кампања „Економското јакнење на жените во менливиот свет на работата“, преку јавни настани и перформанси реализирани од повеќе невладини организации и активисти за женски човекови права.

Настанот е дел од напорите за остварување на глобалната агенда 2030 и одржливите развојни цели.

Во сабота и во недела во просториите на Младинскиот културен центар се организира пред-програма, богата со различни активности како интегрална јога, јога за смеење, детски работилници, работилница за фотографија, стрип работилница и друго. За дел од работилниците потребно е да се пријавите за учество на следниот линк: www.womensrightsnights.net/program-2017.html

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП