16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Горе длабоко – долу високо“ гостува во Белград

Изложбата „Горе длабоко – долу високо“ гостува во Белград

fold 3300

Заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и Мирослав Масин, со наслов „Горе длабоко – долу високо“, ќе се одржи од петок до 25 март во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград.

Стојан Ѓуриќ останува долу до „самите нешта“, но неговиот поглед не е понирање во длабочината, не е потрага за лосос. Ѓуриќ се соочува со деталите, претходно воочени и согледани од високо. Тој поглед од високо, на растењето на животот кој нема смисла во нешто друго, и кој не одредува ништо друго, сликањето на животот како самостојна сила, како хаос, покрај секој ред хармонија – ни ја покажа неговиот денешен циклус Hot line.

Мирослав Масин, познатиот македонски сликар живее „таму каде што ветерот најостро дува“, во „пустите предели на Поларната мечка“, како што во песната „Од високите планини“ вели германскиот мислител со заразно здравје.
Оваа волшебна висина открива присутност на сѐ во сѐ, нераскинливи врски на постоењето, траењето, кое не е со разум сместено и организирано во ликови и нешта, пишува Владимир Ѓурѓевиќ за изложбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП