5 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром со акција за собирање на електронски и електричен отпад

Општина Аеродром со акција за собирање на електронски и електричен отпад

otpad elek3

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во сабота, од 12 до 14 часот, ќе реализира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во урбаната заедница „Горно Лисиче југ“, каде граѓаните од населбата Горно Лисиче можат да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Инаку, претходната акција се одржа на 25.2.2017 година, урбаната заедница „Горно Лисиче (запад и север)“.

Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во сабота, 4.3.2017 година, пред урбаната заедница Горно Лисиче (југ) од 12 до 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар