28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо купка од еукалиптус против кашлица и настинка

Со купка од еукалиптус против кашлица и настинка

176188090858b6fa33171d3208329084_v4 big

Листот од еукалиптус се користи во чајните мешавини за лекување на настинки, грип, бронхитис и астма, а новите истражувања покажаа дека само неколку капки од еукалиптус во купката можат да ја запрат кашлицата и настинката.

Еукалиптусот е ароматична билка со која често се среќаваме во различните производи. Освен што има одличен вкус и мирис, има и значителни лековити својства. Во зависност од тоа во кој облик ја користиме, може да ни помогне при настинки, кашлица, болка во мускулите и желудникот.

Листовите од стеблото еукалиптус имаат луткаст вкус, а познато е дека ја поттикнуваат циркулацијата и имаат детоксикациско и дезинфекционо дејство. Поради тоа оваа билка е вистинскиот избор кога станува збор за природните лекови.

Купката од еукалиптус е одлично средство против сите облици на настинка и за зајакнување на имунолошкиот систем. Се што треба да направите е во 200 мл купка да додадете 24 капки етерично масло од еукалиптус, 12 капки етерично масло од смрека и помешајте ја оваа мешавина со 200 мл сончогледово масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП