23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад кај патниот и железничкиот превоз на патници, раст кај воздухопловниот

Пад кај патниот и железничкиот превоз на патници, раст кај воздухопловниот

patnici

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 5.2%, во градско-приградскиот превоз за 8.4%, во железничкиот превоз за 54.0%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 9.4%.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градско-приградскиот превоз е зголемен за 28.3%, во патничкиот превоз е намален за 1.7%, во железничкиот превоз за 1.8%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 28.0%.

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9.1%, во железничкиот превоз е намалено за 2.1%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 7.8 %.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 36.7%, во воздухопловниот превоз за 14.0%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 5.6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП